
Филип Петровски
Магистер по Mенаџмент на информации - Специјализација во Business Intelligence на NOVA IMS во Лисабон
Шестгодишно искуство во областа на Data Architecture, Data Analysis and Modeling, Prediction Models и Data Warehousing. Искусен во сите делови од животниот циклус на Business Intelligence проект, почнувајќи од пред-продажба и бизнис анализа, до визуелизација на податоци и премин во производство. Горд на постојано подобрување во 5-те најважни точки на еден Data Scientist, а тоа се решавање на проблеми на податоци, програмерски начин на размислување, математика, визуелизација и комуникација. Филип ќе биде твој личен ментор кој ќе го пренесе сето свое искуство во Business Intelligence (BI) и Machine Learning (ML).

Мартина Наумовска
Магистер по Artificial Intelligence на Техничкиот
универзитет во Виена
Магистер по Artificial Intelligence (AI) со петгодишно практично искуство како Data Scientist (со фокус на градење machine learning модели за осигурителни компани и NLP проекти), Мартина ќе ти помогне да навлезеш длабоко во областа на Data Science и ќе ти го пренесе нејзиното долгогодишно практично и теоретско искуство.

Даниела Алексоска
Дипломиран инженер по електротехника и информациски технологии на ФЕИТ
BI Developer со искуство во Бизнис Интелегенција и развој на SQL базирани системи за анализа на податоци во областа на финансии, човечки ресурси , правна служба , магацинско работење и продажба. Даниела ќе ве воведе во светот на податоците и нивната манипулација преку употреба на јазикот за манипулирање на податоци – SQL. Воедно ќе ве научи како да ги визуелизирате податоците со помош на Power BI алатката на начин да се добие јасна слика и анализа на бизнисот. Со помош на DAX јазикот кој се користи во Power BI ќе Ве научи како да правите напредни аналитики и добиете корисни информации од податоците кои ги поседувате.

Катерина Јангеловска
Дипломиран математичар -
инженер по математичка економија
Како Data Scientist со искуство во Data Cleaning, Data Engineering, Data Mining, Data Visualization и Statistical Analysis, Катерина ќе Ве упати во светот на Data Science. Ќе Ве научи како да ги анализирате податоците и да ги подготвите за алгоритмите за машинско учење. Исто така, заедно ќе навлезете во светот на математика и статистика и ќе Ви укаже на нивната значајност и примена во светот на Data Science, со помош на Python.

Симон Милошевски
Магистер по Финансиски менаџмент на
Nyenrode Business Universiteit во Холандија