Предлог YouTube канали со Data Science содржина

предлог youtube канали

Во мноштвото на содржини достапни за едукација и подетален поглед кон светот на Data Science, YouTube секако се одвојува поради тоа што дава приказ на многу елементи кои можеби не можат да се опфатат во текст. Во таа насока можете да видите како изгледа светот на Data Science низ очите на некој што го работи тоа, како и препораки за кого е, а за кого не е оваа професија.

Помеѓу другото се наоѓаат и канали кои не само што даваат приказ на секојдневието на работата, туку и нудат знаење како и начини на решавање на одредени проблеми.

Ова се дел од нив.

365 Data Science

Овој канал ќе најдете од сè по нешто, односно дава општо знаење за Data Science, покривајќи ја тематиката можеби на моменти не толку длабочинки, но сепак на разбирлив начин. Ако сакате да се запознаете со сегментите на DS, ова е дефинитивно содржина што треба да ја имате во предвид.

Joma Tech

Ова е одличен канал за почетниците, бидејќи на комичен начин дава реални совети за оние што ги прават првите чекори во светот на програмирањето, како и Data Science. Овде ќе најдете реално искуство, исполнето со успеси и неуспеси.

Ken Jee

И во овој канал ќе наидете на реални примери што им користат на почетници. Истиот опфаќа детални совети за вистински проекти. Со сурови зборови и реален поглед на нештата, тој најмногу ќе ви помогне да заклучите дали сте спремни да почнете со долгото патешествие на изучување Data Science.

StatQuest with Josh Starmer

Можеби најдобриот учител (во секој случај еден од најдобрите) за статистика и концепти на машинско учење на YouTube. Дава сликовито објаснување за повеќето потешки концепти во статистика и може да ви ги разјасни нејаснотиите околку нешта со кои имате потешкотии.

Anastasia K

Ако сакате да видите поглед во денот на работата на еден Data Scientist и да стекнете доза на реалност која ќе ви помогне да сфатите дали овој професионален свет е за вас, тогаш ова е каналот што ќе ви помогне да стигнете најблиску до тоа.

Од нашиот блог