Вовед во Python програмирање 

(ONLINE ОБУКА)

Вовед во Python програмирање  е обука преку која ќе имате можност да се запознаете со основните принципи и најдобрите практики на програмирањето. Почнувајќи од основната синтакса па се до функционалностите кои ги нуди овој јазик ќе научите да решавате  комплексни проблеми и ќе знаете како да го контролирате текот на она што го работите. Без разлика дали сте студент или вработен - сега е најдобро време да навлезете во IT индустријата и во светот на програмирањето.

We practice what we teach.

Вовед во Python програмирање

обука од
Python Master модулот

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ МОДУЛИ

Што ќе изучите

На оваа обука , ќе се запознаете со синтаксата на Python и основните податочни структури. Ќе научите да дефинирате условни изрази, начин на структурирање на код, работа со датотеки и начин на справување со грешки.

По завршување на оваа обука:

  • ќе имате основни познавања од програмирање
  • ќе имате основни познавања од работа во Python околина
  • ќе знаете да ги препознаете различните податочни структури
  • ќе можете да ги користите податочните структури и да манипулирате со нив
  • ќе знаете да пишувате функции и да ги реискористувате истите
  • ќе научите како да го структурирате и оптимизирате вашиот код

Фази на обуката

1Вовед во програмирање со Python
Поради неговата едноставна синтакса и многубројните полиња каде што може да се применува, Pуthon се наоѓа помеѓу најпопуларните и најкористените програмски јазици. Во овој дел ќе видиме зошто токму Python е најдобриот избор и ќе се запознаеме со основите на овој програмски јазик.
2Типови на податочни структури
Во овој дел ќе се сретнеме со основните податочни структури како integers, floats, booleans, strings, lists, tuples, sets и dictionaries. Со нивна примена и со користење на логички оператори, преку примери и вежби ќе извршуваме најразлични аритметички операции.
3Манипулирање со податочните структури
Користејќи условни изрази и циклуси, во оваа фаза ќе научиме како да манипулираме со податоците. По завршување на оваа фаза, очекуваме поголема програмерска самодоверба кај секој од вас.
4Функции
Во последната фаза ќе искористиме се што сме научиле до сега! Дополнително ќе воведеме функции, кои се омилен дел на нашите досегашни студенти. Ќе научите како сами да ги дефинирате функциите и да ги користите во понатамошни анализи. Воедно ќе имаме и вежби со цел да ги примениме стекнатите знаења.
 

ПРЕОСТАНУВААТ УШТЕ

00

days


00

hours


00

minutes


00

seconds


 

Направете го првиот чекор кон вашата иднина во Data Science

*местата се ограничени

 

 

 

Повеќе информации

1Што ќе добијам од оваа обука?
Целта на оваа обука е да добиете основна слика за програмирањето и неговите концепти, користејќи го најлесниот и најзабавниот програмски јазик. Ќе се зпознаете со Python околината и ќе научите како да ги корисите функционалностите што ги нуди. Ќе развиете логички и аналитички начин на размислување кој може да ви помогне во било каква понатамошна анализа.
2Зошто да ја посетувам обуката?
Python e прв на листата при избор на програмски јазик за 2019та и 2020та година. Со самото изучување на овој програмски јазик вие ја стекнувате основата на Data Science, интердисциплинарна наука која може да најде примена во најразлични области. Дополнително, ќе добиете супер-насочено менторство од страна на предавачите, за време на обуката, како и по нејзиното завршување. Секако, нашата комуникација ќе биде продлабочена и со заедничко вклучување во интерни групи на комуникација сѐ со цел споделување на можности за работа, проекти, како и помош при реални предизвици и проекти.
3Кои предзнаења треба да ги имам?
Поседување искуство во областа не е предуслов за посетување на оваа обука. Нашиот концепт е: дојди со желба за учење, ентузијазам за работа и голема мотивираност. Со наша помош и менторирање, многу брзо ќе ги совладате фазите од овој курс.
4Колку трае едно предавање?
Во зависност од темата и интересот кој постои за неа, сметаме дека за совладување на материјалот од едно предавање, потребни се помеѓу два и два и пол часа, три пати во неделата. Дополнително, предвидени се вежби на кои преку менторство и помош од предавачите, материјалот добро ќе се совлада и утврди.
5Од колку часот почнуваат предавањата?
Предавањата започнуваат во 17:30 часот, како би имале доволно време да завршите со работа и да се припремите за часот.
 

Што велат нашите студенти



Симон Милошевски

„Business Intelligence is a must. Носење одлуки врз база на податоци и информации кои произлегуваат од нив, во денешниот свет е единствениот начин за успешен бизнис.“

Срна Гугуловска

Како основач на start up и член на start up заедницата, овие обуки се од круцијално значење за да на самиот почеток се постават основите за успешен бизнис revenue.

Дино Шкријељ

Вие ни понудивте опции по кои може да тргнеме да ги бараме решенијата а на нас е да одлучиме како тоа ќе го искористиме во иднината.

Оливера П. Станојевиќ

„Data Science е иднината, кај нас е новитет, во светот не ѐ и навистина е супер што Data Masters ни ја доближува таа иднина и ни… Read more “Оливера П. Станојевиќ”

Оливера П. Станојевиќ

Илија Филиповски

Обуката за мене претставуваше одличен почеток кон една обемна тематика.

Бојана Спировска

Желбата да ги проширам моите можности во однос на поефективна обработка на податоци, ме потикна да се запишам на обуката.

Андреј Илиевски

Јас би ги советувал сите кои се двоумат да го започнат својот Data Science career path да не се двоумат и без размислување да се пријават… Read more “Андреј Илиевски”

Александра Андоновска

„Веќе некој период слушам дека се повеќе и повеќе се зборува за Data Science како тема и дека е перспективно поле кое ќе се развива во… Read more “Александра Андоновска”