fbpx

Срна Гугуловска, студент на обуките за Data Science и Бизнис Интелигенција

Која е Срна Гугуловска и како се снаоѓаш со посетување на обуката за Моделирање на поратоци и Business Intelligence и обуката за Основи на Data Science?

Јас сум Срна 😊 Дипломиран електро инженер на насоката Автоматика и Роботика, но не се задоволувам само со знаењето од факултетот. Целта ми е постојано да се надградувам, и да направам една целина од дигитален маркетинг, data science и бизнис, a моето знаење од факултетот да го искористам како еден различен начин на размислување, различен пристап кон проблемите и гледање на работите како затворен систем со повратна врска каде што за секој проблем има решение.
На самиот почеток бев во голема паника, како ќе успеам да посетувам наизменично две обуки и истовремено да работам. Мојата среќна околност е што како личност функционирам најдобро под притисок. Кај целокупниот тим од Data Masters наидов на огромно разбирање и навистина од нивна страна најважно беше секој од нас да излезе со квалитетно знаење од овие обуки.

Кои се најголемите takeaways од оваа обука?

За мене лично најголемиот Takeaway од овие две обуки ќе биде практично да го покажам наученото во веќе започнатиот проект од претходното работно искуство кое го покренав на моја иницијатива.

Како основач на start up и член на start up заедницата, какви придобивки сметаш дека имаат вакви обуки во однос на start-up-овите?

Голем број на компании располагаат со голема база на податоци и најчесто тие податоци не се искористени. Како основач на start up и член на start up заедницата, овие обуки се од круцијално значење за да на самиот почеток се постават основите за успешен бизнис revenue.

Доколку би не препорачала на твоите колеги/пријатели, што е она кое би им го кажала?

Веќе ме исконтактираа неколку пријатели и во зависност од што им е потребно им препорачав една од обуките, со тоа што повеќето беа кандидати за Основи на Data Science.

Имаш некој совет или порака што би сакала да ја споделиш со некој кој сака да нaвлезе во светот на Data Science?

Big Data, Digital Transformation, Data Science, Machine learning, BI да не бидат само зборови кои сите ги зборуваат зошто слушнале нешто дека се случува, а многу малку превземаат нешто. Ајде да бидеме промената што ќе направи бум во бизнис светот на нашите простори.

Пријавувањето за обуките за Моделирање на податоци и Business Intelligence и Практична примена на Data Science во Python е во тек.