fbpx

Симон Милошевски – студент на обуките за Data Science и Business Intelligence

Кој е Симон Милошевски и кој беше твојот главен интерес пред да започнеш да присуствуваш на обуките за Основи на Data Science и Моделирање на податоци и Business Intelligence.

Главниот интерес беше “да научам нешто ново“. Конкретно, интересот ми беше да се запознаам подобро со Python и SQL. Првиот, бидејќи има се поголема примена во анализата на податоци (едно од полињата кои се мој долгогодишен интерес и своевидна пасија). Вториот, поради неговата огромна примена во ЕРП софтверите кои секојдневно ги користиме во бизнисот.

Со какви проблеми (или потреби) се соочуваше што доведе до твојата потрага по нови Data Science и Business Intelligence вештини?

Не би рекол дека имав проблеми, имав потреби и желби. Да навлезам подлабоко во техничкиот домен позади бизнис известувањето и да го доближам начинот на носење одлуки базирани на информации со моите тековни и идни активности и потреби.

Дали би го имплементирал наученото во твојот бизнис домен?

Имплементацијата зависи од повеќе фактори и во зависност од нив полесно или потешко се прави тој исчекор кон воведување на некој AI алгоритам за носење одлуки или нов и подобрен начин на известување преку нов извештај, dashboard или слично. Data Science потешко се имплементира, особено во традиционалните индустрии. Потребно е многу поголемо интерно организациско знаење. За разлика од Data Science, кај Business Intelligence, имплементацијата е поедноставна и се сведува на потреби и мотивација од учесниците кои треба да ја имплементираат.

Кои се твоите препораки околу имплементација на Data Science и Business Intelligence решенија во македонските бизниси? Какви благодети можат да извадат од најактуелните и најбараните технички вештини во ИТ светот?

Business Intelligence is a must. Носење одлуки врз база на податоци и информации кои произлегуваат од нив, во денешниот свет е единствениот начин за успешен бизнис. Обуката за Business Intelligence е одличен начин за почеток. Data Science, оние компании кои можат да си го дозволат (не од аспект на цена, туку пред се, од аспект на интерно знаење и можност за употреба), не треба да чекаат. Останатите, треба да почнеме да го учиме и осознаваме што подобро тој бизнис домен, и кога ќе бидеме способни, да го имплементираме, тоа е секако иднината. Благодетите за команиите од било која од овие две вештини се неспорни.

Дали би ги препорачал овие обуки на твоите колеги и познаници?

Да, секако. Веќе ги препорачав.

Кои се најголемите предизвици со кои ти се соочи при изучување на вештините кои се нудат на оваа обука?

Бидејќи станува збор за вештини кои се учат, но може прилично брзо да се заборават. Потребно е постојано вежбање за нивно усовршување, за што е потребно време.

Што би им препорачал на оние кои се двоумат да го започнат својот пат во техничкиот свет на Data Science и Business Intelligence?

Да престанат да чекаат. Веднаш да започнат со учење. Тоа е единствениот начин да увидат дали тој свет претставува можност за нив или пак не е нешто во што би се впуштиле понатаму. Да не се случи “времето не прегази“. И иако кривата на учење, на почетокот можеби ќе е многу стрмна, да бидат упорни.

Пријавувањето за обуките за Практична примена на Data Science во Python и Моделирање на податоци и Business Intelligence е во тек.