ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

 

Оваа Политика за приватност на личните податоци го уредува начинот на кој ДАТА МАСТЕРС ДОО Скопје (понатаму: „Дата Мастерс“) ги собира, користи, одржува и открива податоците собрани од корисниците (понатаму: “корисник”) при посета на нејзината интернет страна www.datamasters.co (понатаму: ”веб страна”).

Оваа политика за приватност се однесува единствено за наведената интернет страна и не се однесува за личните податоци што Дата Мастерс ги собира од своите корисници на други начини.

Оваа Политика на приватност не се однесува ниту на лични податоци кои ги собираат други интернет страни, до кои можеби пристапувате преку нашaтa интернет страна.

 

Собирање на информации

Вашата приватност целосно се почитува. за време на посетата на на нашата веб страна.

При посета на веб страната, Дата Мастерс ги обработува Вашите лични податоци (лични податоци за идентификација и информации за контакт), само доколку доброволно ги оставите во контакт форма на нашата интернет страна, заради користење на нашите услуги, како што се пријавување на електронски билтен, пријавување на курс, настан, или академија, електронско online плаќање за курс, настан, работилница или академија.

При онлајн плаќање за курс, настан или академија, Дата Мастерс  нема пристап до податоците поврзани со Вашата платежна картичка или сметка во банка, бидејќи тие се испраќаат директно до сертифициран процесинг центар за трансакции со платежни картички и банката преку сигурносна врска.

 

За кои цели се користат собраните податоци и информации?

Дата Мастерс ги обработува Вашите лични податоци за:

– овозможување на online користење на нашите услуги, со намера за подобрување на корисничкото искуство преку унапредување на квалитетот на услугата кон корисниците, односно поефикасно одговарање на Вашите барања и давање на потребната поддршка.

– администрирање на содржината, промоциите, анкетите и други функционалности на страната, а се со цел да го подобриме нејзиниот квалитет и услугите што ги нудиме преку неа.

Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. 

Обработка на Вашите лични податоци за друга цел, може да се врши единствено врз основа на Ваша претходна согласност.

 

На кој начин се врши обработката на личните податоци?

Обработката на Вашите лични податоци Дата Мастерс  ја врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага.

Вработените во Дата Мастерс се обврзани да ги чуваат во тајност сите информации (вклучително и личните податоци), до кои ќе дојдат за време на извршувањето на нивните работни задачи.

Дата Мастерс применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на вашите лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на нашата страна. Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, согласно со законски предвидената постапка.

 

Други информации

Имајќи ја во предвид природата на Интернетот, треба да се напомене дека при неговото користење пасивно и автоматски се собираат податоци за навиките и преференциите на неговите корисници.

При посетата на интернет страната од корисниците, Дата Мастерс  може да евидентира информации поврзани со нив, кои сами по себе не се доволни за да идентификауваат одредено лице и претставуваат статистички показатели кои се користат заради подобрување на квалитетот на интернет страната. Таквите информации може да ги вклучуваат: името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на интернет страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

 

Колачиња на пребарувачот на интернет

Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред заради подобрување на корисничкото искуство и не се поврзуваат со вашите лични податоци кои претходно сте ни ги доставиле.

Колачињата ни овозможуваат да го препознаеме Вашиот интернет пребарувач, при следната посета на интернет страната. Колачињата може да ги зачуваат Вашите преференции и други технички информации, но не можат да читаат податоци или информации од вашиот хард диск или мобилен телефон, ниту пак да читаат други зачувани фајлови за колачиња од други интернет страни.

Дата Мастерс користи неколку видови на колачиња при работењето на интернет страната:

-Неопходни колачиња – колачиња кои се неопходни за правилно функционирање на основните функции на веб-страната како навигација, онлајн купување, наплата, статистика за посета на сајтот, оптимизација на содржината и сл. Тие се најчесто поставени како одговор на одредена интеракција која ја имате со веб-страната, како што се прилагодувањата за Поставки на колачиња, најава или пополнување на електронски форми. Овие колачиња не содржат никакви лични информации и не може да се исклучат со овие поставки. Повеќе опции во врска со користење на колачиња може да прилагодите во Вашиот интернет пребарувач, со цел да ги блокира или да Ве извести за овие колачиња, при што некои делови од веб-страната нема правилно да функционираат.

-Колачиња за аналитика – колачиња кои ни овозможуваат да ги броиме посетите и изворите на сообраќај, со цел да ги измериме и подобриме перформансите на веб-страната. Тие ни помагаат да анализираме кои страници се најпосетени и да видиме како посетителите се движат низ страната. Сите информации што ги собираат овие колачиња се агрегирани и анонимни.

-Функционални колачиња – колачиња кои овозможуваат подобра функционалност и персонализација на содржината на веб-страната. Тие можат да бидат поставени од страна на Дата Мастерс, или пак од трети страни, чии услуги сме ги овозможиле на веб-страната. Доколку не се согласите со користење на овие колачиња, некои делови од веб-страната нема правилно да функционираат.

-Колачиња за маркетинг – колачиња кои можат да бидат поставени преку Дата Мастерс веб-страната од страна на надворешни партнери. Партнерите може да ги користат колачињата за да Ви покажат релевантни реклами на други веб-страни. Тие директно не ги зачувуваат Вашите лични податоци, туку се насочени кон идентификување на Вашиот интернет пребарувач и/или интернет-уред.

На интернет страната има само таков тип на колачиња што се чуваат на компјутерот на корисникот, согласно во поставките на интернет пребарувачот, кои корисникот ги има поставено. 

Со посетата на интернет страната посетителите може да направат избор кој тип на колачиња сакаат да бидат зачувани на интернет пребарувачот, преку опцијата “Поставки за колачиња”. Со кликање на копчето “Се согласувам” или со продолжување на користење на веб-страната, се согласувате да ги зачуваме колачињата опишани во овој документ. 

Во поставките на  својот интернет пребарувач корисниците може да изберат да пребарувачот да ги одбие или избрише колачињата. Доколку корисниците ја одберат таа можност, одредени делови од интеренет страната може да не функционираат како што е предвидено.

За да ги промените подесувањата за колачиња, притиснете на: Cookie settings

 

Ремаркетинг

Дата Мастерс  информациите кои ги собира преку користењето на колачиња (“cookies”), ги користи за ремаркетинг преку Google AdWords и Facebook Business Manager, односно за свое рекламирање на други интернет страници кои ќе ги посети корисникот, врз основа на претходна посета на интернет страната на www.datamasters.co и обезбедена согласност за оваа активност.

Google, Facebook, Instagram и останати трети страни, прикажуваат АdWords односно т.н. “ads” низ различни интернет страници и апликации кои корисникот ги посетува и користи. Овие “ads” се базираат и на претходните кориснички посети на интернет страната на Дата Мастерс преку користење на колачиња.

На пример, кога со посетата на www.datamasters.co корисникот се интересирал за одредена услуга или уред без да направи конкретна нарачка, со таквата активност се генерира информација која може да се појави во форма на оглас кај Google и Facebook и на корисникот врз основа на неговиот претходен интерес, при посета на друга интернет страна која исто така користи “ads” на Google да му биде презентирана реклама за Дата Мастерс или за содржината која ја посетил на страната на Дата Мастерс. Сите собрани податоци од Дата Мастерс ќе се користат во согласност со оваа Политиката за приватност, односно со политиките за приватност на Google и Facebook за податоците собрани кај нив.

 

Промени во политиката за приватност на личните податоци

Дата Мастерс  има право да ја ажурира оваа политика за приватност на личните податоци во кое било време. Кога ќе го направиме тоа, ќе дадеме известување на интернет страната и ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на овој документ. Корисникот се согласува дека е негова одговорност периодично да ја проверува Политиката за приватност и дека е свесен за промените.

 

Прифаќање на условите

Со продолжување на пристапот и користењето на интернет страна www.datamasters.co, корисникот ги прифаќа одредбите од оваа Политика за приватност.

Доколку не се согласувате со оваа Политика за приватност, ве молиме да го прекинете пристапот до интернет страната.

ДАТА МАСТЕРС ДОО Скопје