ОБУКАТА Е ЗАВРШЕНА
Додека не ја вратиме повторно, погледнете ги актуелните обуки. Сигурни сме дека ќе се пронајдете во некоја од нив.
Без разлика дали сте студент, вработен, имате сопствена фирма или познавање од научната област - доколку сакате податоци и сакате да ставите крај на комплицираната обработка на податоци во Ексел, ние ве сакаме вас.
Обуката за манипулација на податоци и Business Intelligence е за сите кои сакаат да стават крај на мачните анализи во Excel, да се надоградат и просперираат, да свртат нов лист во кариерата или да се унапредат во тековната. Преку обуката, ќе допреме до нови технолошки трендови во компјутерските науки и ќе го доближиме светот на најбрзо растечката индустрија во светот.
Ние градиме консултанти, a не практиканти!


Business Intelligence и манипулација со бази на податоци
Логиката зад секој бизнис
Научете што е Business Intelligence, поставете KPIs кои се релевантни за вашиот бизнис и идентификувајте кои чекори треба да се преземат за остварување на поставените цели. Покрај теоретската основа за business intelligence, ќе се запознаете со техничкиот јазик на кој комуницираат податоците во базите на податоци (SQL), ќе научите дополнителен јазик за трансформација на податоци (DAX) и ќе бидете спремни да работите со алатката за визуелизација на податоци (Power BI). По завршувањето на оваа обука и стекнатата BI компетенција ќе бидете чекор поблиску до процесот низ кој поминува тимот на консултанти за создавање (полу)автоматизирана аналитичка архитектура и ќе знаете полесно и побрзо да ги направите анализите кои ви се потребни.
Обуката е организирана во пет фази
Времетраење | 38.5 часа |
---|---|
Динамика | 2 пати неделно по 3 часа и 30 минути |
Цена | 24.000 денари |
Услови за плаќање | Можност за плаќање на 3 рати, 10% попуст при плаќање во готово |
Почеток | 03.3.2020 |
ПРЕОСТАНУВААТ УШТЕ
days
hours
minutes
seconds
ПРИЈАВА
Оставете ги вашите лични податоци и нашиот тим ќе ве исконтактира.
Направете го првиот чекор кон вашата иднина во Data Science. Местата се ограничени, резервирајте сега.
Знаење
Поимите SQL, DAX, Power BI, KPIs и релациони бази на податоци ќе бидат ваши новостекнати вештини.
Искуство
Работата на реални предизвици со кои се соочува тимот на Data Masters, ќе го збогати вашето портфолио.
Кариера
Солидната основа, како и јасната насока за „што понатаму“, ќе ја трасираат вашата идна кариера како консултант.
Дополнителни прашања?
Дополнително, ќе добиете супер-насочено менторство од страна на предавачите, за време на обуката, како и по нејзиното завршување. Секако, нашата комуникација ќе биде продлабочена и со заедничко вклучување во интерни групи на комуникација сѐ со цел споделување на можности за работа, проекти, како и помош при реални предизвици и проекти.
Имање човек кој ќе те води чекор по чекор низ процесот на развивање Business Intelligence вештини е голема предност. Ние, како прва компанија специјализирана во Business Intelligence и Machine Learning, сме цврсто решени да создадеме кадар кој му е потребен на бизнис-секторот.