fbpx
 

Основи на роботика за деца

(ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО)

Во денешно време, роботиката е многу актуелна сфера на изучување. Како и за секоја друга гранка на програмирање и инженерство, подобро е да се почне што е можно порано. Целта на оваа обука е запознавање на младите со основите на структурно програмирање и тимска работа и истата ќе им биде одлична прилика за брзо да ги видат резултатите на нивниот труд. Во оваа 6 часовна обука ќе бидат вклопени:

  • Основи на роботика. Што е роботика?
  • Основи на програмирање
  • Имплементирање на услови и циклуси, во склоп со сензорите на роботите за да ги направат роботите да се движат
  • Борба на роботите на тимовите

 

We practice what we teach.

 

За кого е наменета?

Обуката е наменета за деца меѓу 7 и 12 години. Не е потребно предзнаење.

 

Што е опфатено во оваа обука?

  • Основи на роботика
  • Основно програмирање во Python
  • Користење на податоци од сензори
  • Тимска работа

Роботите со кои ќе работат учесниците се едноставни колички, со 2 мотори, 2 тркала и сензори за светло и растојание. Наменети се за водење меѓусебна битка и на последниот час учесниците ќе ги пресметаат силите преку „битка“ помеѓу роботите на различните тимови.

 

Програма по денови:

1Ден 1
Запознавање со концептите на роботика, основни команди за роботчињата кои ќе ги користиме и поделба во тимови.
2Ден 2
Учење за сензорски информации и користење на истите за поминување на тркачка стаза.
3Ден 3
Програмирање со компетитивна цел - со научените основи учесниците ќе ги програмираат роботите за крајна битка.
4Ден 4
Довршување на спремањето за натпреварот, како и одржување на крајна битка меѓу тимовите.

ВАЖНО!
Поради почитувањето на COVID мерките, групата опфаќа максимален број од 10 деца за посета на обуката.

 

Цена

3000денари

 

Направете го првиот чекор кон
вашата иднина