ОБУКАТА Е ПОПОЛНЕТА

Во меѓувреме погледнете ги актуелните обуки. Сигурни сме дека ќе се пронајдете во некоја од нив.

Напредни алгоритми по Data science - Манипулација со текстуални податоци

(ONLINE ОБУКА)

Обработката на природен јазик ( Natural Language Processing) е „уметност“ за извлекување информации од неструктуриран текст. Научете ги основите за обработка на природен јазик, секојдневни изрази и анализи на сентимент односно интерпретација на емоции во текст користејќи машинско учење во овој курс.

Што е Natural Language Processing (NLP)? Обработката на природен јазик (NLP) е во основа како да ги научите машините да ги разбираат човечките јазици и да извлечат значење од текстот кој го обработувате.

Јазикот како структурирана форма на комуникација е она што ги одвојува човечките суштества од животните. Опкружени сме  со текстуални податоци од извори од книги, е-пошта, блогови, објавувања на социјални медиуми, вести и повеќе.

Natural Language Processing (NLP) се очекува да биде во вредност од 30 милијарди американски долари до 2024 година со тоа што  во  изминатите неколку години  бележи огромни подобрувања во однос на тоа колку добро ги решава проблемите во индустриите.

Овој курс ќе го запознае ученикот во “text mining” и основите за манипулација со текст. Курсот започнува со разбирање за тоа како се Python се справува со текст структурата на текстот и на машината и на луѓето и преглед на nltk рамката за манипулирање со текстот. Втората недела се фокусира на вообичаени потреби за манипулација, вклучително и редовни изрази (пребарување текст), чистење на текстот и подготовка на текст за употреба од страна на машински процеси за учење. Третата недела ќе изучуваме примена на основните методи за NLP (natural language processing на текстот и ќе покажеме како се остварува класификацијата на текстот. Последната недела ќе ги истражиме понапредните методи за откривање на темите во документите и нивно групирање според сличноста (моделирање на теми).

We practice what we teach.

 

Што е опфатено со оваа обука

1Вклучено
  • 48 часа ( 16 дена -> 2 месеци )
  • Додатни материјали (50 страници) со дополнителни објаснувања, илустрации и примери
  • Бесплатен софтвер и податочни сетови кои се користат на курсот
  • Сертификат
 

Цена

регуларна

60.000денари

 

Направете го првиот чекор кон вашата иднина во Data Science и Business Intelligence

 

 

Напомена
Сумата која Министерството за образование и наука ја исплаќа за обуките за дигитални вештини изнесува до 50% од вкупниот износ за обуката, односно максимум до 30.000 денари. Секој корисник на ваучер има право на еден ваучер.

vaucher_banner