Модуларни обуки

Data Masters воведува новитет во концептот на учење. Направивме career course модули, прецизно дефинирани и осмислени чија цел е да ве изградат во Data Science професионалнци без притоа да имате некакво предзнаење. За секој студент на модуларните обуки е достапен искусен кариерен ментор, експерт во полето на Data Science кој ќе ви помогне правилно да се насочите, да го искористите вашиот потенцијал и ќе ве научи како да го инкорпорирате стекнатото знаење во вашето поле на работа.

Овие модули во комбинација со искусен кариерен ментор, предавачи со интернационално искуство, асистенти и работа на реални проекти ќе ви овозможат да ја изградите кариерата од соништата.

 
 
DATA SCIENCE MASTER
Наскоро!
Наскоро!
Наскоро!
Наскоро!
DATA SCIENCE SENIOR LEVEL
Наскоро!
Наскоро!
Наскоро!
Наскоро!
DATA SCIENCE JUNIOR LEVEL
Наскоро!
Наскоро!
Наскоро!
 
PYTHON MASTER
 
 
BEGINNER & INTRODUCTION LEVEL
 

Кариерен ментор

Career Course Модулите поддржани од Кариерен Ментор по Data Science се нов концепт кој ви овозможува за кратко време да ја постигнете работната позиција или кариера која ја посакувате, базирано врз вашето предзнаење, вашата личност, цели и аспирации.

1Што е Кариерен Ментор во Data Science?
Кариерниот ментор по Data Science е искусен професионалец во индустријата кој е во чекор со сите новости, потреби и можности кои ги нуди оваа област.Тој е експерт кој успешно ги поминал сите препреки во оваа кариера и има искуство во различни индустрии. Како фасилитатор, менторот го поврзува вашето учење и вашите вештини со вистинската позиција од Data Science спектарот. Преку индивидуален пристап ќе ви ја покаже интердисциплинароста на Data Science и примената на истата во области како економија, бизнис, маркетинг, медицина, производство, ИТ и многу други. Ќе ве насочи кон вистинската обука која пак ќе ви овозможи да се стекнете со потребниот Skill Set и практични вештини за работната позиција што ја сакате.
2Вашиот Кариерен Ментор во Data Science
Важиот кариерен ментор по Data Science е Мартина Наумовска. Таа е магистер по вештачка интелигенција и магистер по иновации и претприемништво при Vienna University of Technology. Мартина има 6 годишно интернационално искуство во 8 различни компании, 4 држави, 2 континенти и повеќе индустрии. Специјалност и е Data Science Architect и трансформација на компаниите со примена на Machine Learning решение во веќе постојната ИТ-архитектура. Мартина ја создаде верифицираната програма на Data Science Академијата. Таа е главен професор и ментор на Академијата, а воедно е и Head of Data Science во Дата Мастерс.
3Како ќе ви помогне кариерниот ментор?
Кариерниот ментор ќе ви помогне да го искористите вашето знаење од одредена област ( економија,информатика, банкарство, итн.) во вашата идна Data Science кариера. Ќе ви укаже на кој дел од Data Science треба да обрнете повеќе внимание и кој дел од оваа област ќе ви овозможи да го достинете вашиот посакуван резулатат. Накратко, кариерниот ментор ќе изготви tailor-made програма за секој студент, која ќе треба да ја следите и истиот ќе го следи вашиот прогрес.
4Каков е процесот на менторирање?
Менторството во суштина е процес преку кој им се помага на луѓето да се развиваат поефикасно. Тоа е врска наменета за градење доверба и поддршка на менторираниот студент за да во иднина може да ја преземе контролата врз сопствениот развој и работа. Во Дата Мастерс процесот на менторирање започнува со запознавање. Запознавање на вас и вашето искуство. Тоа е овозможено преку интервју по кое кариерниот ментор ќе ви помага и ќе ве насочува за да постигнете успешна кариера во областа на Data Science .
5Кариерен Ментор во Career Course Модулите
Кариерниот ментор е нераскинлив дел од Модуларните обуки на Дата Мастерс. Негово задолжение е да го истрасира најдобриот пат за вас и следејќи го вашиот едукативен развој низ нашите обуки да ви овозможи најбрзо да стигнете до кариера во Data Science базирано на вашето предзнаење и искуство.
6Што може да очекуваш после овој процес?
Фокусирано и рационално унапредување на Data Science знаење за практична примена во вашата професија. Успешен старт во светот на Data Science :)