fbpx
 

Data Science for Teens

(ONLINE ОБУКА)

Data Science е област што заслужено е на врвот на листата на најатрактивни професии во денешно време. Воедно е наука што го поттикнува логичкото размислување и способноста за изнаоѓање на решенија и токму затоа од огромно значење е да ги воведеме и најмладите во data - driven ерата што е пред нас.

Во таа насока, создадовме едномесечна програма преку која најмладите ќе можат да ги направат првите чекори во областа на Data Science покажувајќи им што сè ни овозможува технологијата денес, како да го развиваат логичкото размислување и способноста за решавање на проблеми, а воедно и заедно ќе развиеме креативни идеи и начини за решавање на одредени предизвици.

Кои се придобивките од изучување на Data Science?

Data Science на некој начин ни помага да ѕирнеме во иднината со помош на бројките (податоците). Денес, речиси сè што правиме се зачувува како податоци, а нивното правилно користење и анализа ни овозможува да дојдеме до одредени заклучоци. И токму тука доаѓа на сцена Data Science - наука која овозможува да се справиме со сето тоа мноштво од податоци. Бидејќи е спој од математика и програмирање, нејзината примена во различни видови на области е огромна, а придобивките од нејзиното изучување од рана возраст се многубројни. 

Преку нејзиното изучување најмладите имаат можност да се стекнат со логички и аналитички начин на размислување, да научат дека податоците се всушност присутни во целокупното наше живеење и да го согледаат нивното значење (на пример: колку пати сте ја играле вашата омилена игра преку апликација на телефонот; како да предвидите дали утрешниот ден ќе биде сончев или дождлив користејќи историски податоци итн.). Во суштина, математиката е двигател на многу нешта околу нас кои претставуваат секојдневие и доколку вашето дете поседува афинитети кон математика и програмирање, Data Science  е одличен начин за да го насочите неговиот талент.

We practice what we teach.

 

Опис на обуката

За прв пат кај нас, Data Masters создаде обука за млади која има за цел да ги воведе, упати и насочи кон можностите што ги нуди Data Science. Почнувајќи од основни концепти на програмирање, преку анализа, па сè до визуелно прикажување на податоците, благодарение на оваа обука тие ќе умеат сами да расудуваат правилно и да донесат одредени заклучоци.

Програмата е така создадена да им даде основа и да ги подготви за понатамошна надградба на знаење во полето на Data Science. Оваа наука е иднината, а ние би сакале да им помогнеме на најмладите да ја дочекаат подготвени, нудејќи им врвно знаење.

 

За кого е наменета?

Обуката е наменета за млади на возраст од 13 до 18 години.

За учество во обуката не е потребно предзнаење, но секако се препорачува за оние кои веќе имаат афинитет кон бројки и програмирање.

 

Што е опфатено во оваа обука?

1Првите чекори во Data Science
Во овој дел ќе објасниме што е Data Science, зошто податоците се толку важни и кои се основните чекори кои треба да ги знаете за да навлезете во оваа област.
2Вовед во програмирање во Python
Бидејќи најкористен за Data Science и сè попопуларен програмски јазик е Python, токму него ќе го користиме за да се запознаеме со одредени податоци, да научиме да прочитаме каква информација ни носат податоците и што би можеле да направиме со истите.
3Интерпретирање на податоците со помош на Python
Во оваа фаза, посетителите ќе стекнат поголема програмерска самодоверба и користејќи ги функционалностите кои ги нуди Python, ќе научат како се манипулира со податоците и како се интерпретираат истите. Во овој дел се поттикнува аналитичкиот и логички начин на размислување кај децата.
4Визуелизација на податоците
Откако ќе го поминеме делот со анализирање, ќе научиме и како визуелно да ги претставиме податоците со кои работиме, какви типови на графичко претставување постојат и што претставува секој од нив.
5Мини проект
Овој модул ќе го искористиме за секој од учесниците да сработи мини проект, односно да успее да направи анализа на дадени податоци со изучените техники и со помош на Python да извлече заклучоци кои ќе вклучуваат и визуелизации.
 

Цена

12.000денари

Можност за плаќање во готово или на рати