fbpx

Data Analysis with R

(ONLINE ОБУКА)

Целта на статистиката и нејзиното познавање е да помогне во употребата на соодветни методи за собирање податоци, да користи правилни методи за анализа на тие податоци и  ефективно да ги презентира резултатите од направените анализи. Статистиката е во јадрото на процесот кој се користи во разни научни дисциплини, во носењето одлуки врз база на податоци, како и во правењето предвидувања. Потоа, во практично сите сфери на бизнисот (маркетинг, финансии...).

R како програмски јазик за статистичка обработка и визуелизација на податоци е меѓу најкористените во овој домен. Неговата примена е многу широка и со преку 11.000 библиотеки наменети исклучиво за статистичка обработка и визуелизација на податоци е еден од најсеопфатните јазици за горенаведените намени.

 

We practice what we teach.

 

За кого е наменета?

Доколку сте:

  • Студент, кој во моментов учи статистика и сака да ги доразвие своите вештини со R
  • Лице кое е вработено во некој бизнис домен кој има потреба од статистичка анализа на податоци (осигурување, банкарство) 
  • Истражувач кој сака да го освежи своето знаење или да го запознае подобро програмскиот јазик R
  • Сакате да го надградите знаењето во програмскиот јазик R

 

Што е опфатено во оваа обука?

1Вовед во јазикот R
R јазикот претставува програмски јазик наменет за статистичка обработка и визуелизација на податоци, кој во денешно време наоѓа широка примена во разни сфери. Во првиот час од овој предмет ќе се запознаеме со R Studio како една од најкористените околини за примена на R, како и со основните функционалности на околината.
2Податочни типови и податочни структури
Во овој дел ќе се сретнеме со основните податочни типови и структури како vectors, matrices, arrays, data frames, factors. Со нивна примена и со користење на логички оператори, преку примери ќе извршуваме најразлични операции кои се основата на манипулации со податоци и ќе ги воведеме основните библиотеки за анализа на податоци во R.
3Функции
Функциите се неопходен дел од секој програмски јазик. Во овој дел ќе се запознаеме со основните функции и начините на импортирање податоци во R. На крајот од овој час ќе ги прикажеме основните функции во R за графички приказ на податоци, по што ќе следи и мал вовед во една од најпознатите библиотеки за исцртување ggplot.
4Вовед во статистика и дескриптивна статистика со R
На овој час ќе ги научиме основните елементи на дескриптивната статистика вклучувајќи ги мерките на централна тенденција, мерките на варијација и мерките на асоцијација.
5Случајни променливи во R
На овој час ќе ги разгледаме дистрибуциите на случајни применливи (дискретни и континуирани), ќе ги нацртаме нивните графикони и ќе се обидеме да пресметаме некои веројатности.
6Интервали на доверба и тестирање хипотези
Интервалите на доверба и тестирањето хипотези се основата на статистичкото заклучување. Овде ќе се запознаеме со основните процедури за креирање на интервал на доверба и статистичко тестирање на хипотези преку некои од основните тестови.
7Тестирање на хипотези за два примерока
На овој час ќе навлезме подлабоко во тестовите на хипотези. Ќе ги дискутираме тестовите за средна големина, варијанса на два примерока.
8Анализа на варијанса
На овој час ќе ги разгледаме тестовите за две или повеќе средни големини и ќе се запознаеме со процедурата за анализа на варијанса, што ќе ни овозможи да тестираме покомлексни хипотези.
9Вовед во линеарна регресија со R
Овој час е предвиден за вовед во линеарна регресија и разработка на деталите кои ја овозможуваат оваа алатка како една од најчесто користените алатки и во научните дисциплини и во бизнис дисциплините.
10Вежби со линеарна регресија
На овој час ќе направиме мал осврт на претпоставките на линеарната регресија и ќе видиме примери од линеарна регресија.
 

Цена

Регуларна цена

24.000денари

Можност за плаќање во готово или на рати