Анализа на податоци преку Power BI

(ONLINE ОБУКА)

Научете што е Business Intelligence, поставете KPIs кои се релевантни за вашиот бизнис и идентификувајте кои чекори треба да се преземат за остварување на поставените цели. Покрај теоретската основа за business intelligence, ќе научите дополнителен јазик за трансформација на податоци (DAX) и ќе бидете спремни да работите со алатката за визуелизација на податоци (Power BI). По завршувањето на оваа обука и стекнатата BI компетенција ќе бидете чекор поблиску до процесот низ кој поминува тимот на консултанти за создавање (полу)автоматизирана аналитичка архитектура и ќе знаете полесно и побрзо да ги направите анализите кои ви се потребни.

We practice what we teach.

 

Што е опфатено со оваа обука

1Прва фаза
Оваа фаза од обуката е теоретски вовед во Business Intelligence и релациони бази на податоци. По воведот во тоа што всушност претставува BI, ќе бидат идентификувани бизнис-потребите од BI, како и начините на кои бизнисите можат да ги следат зацртаните цели. Знаејќи дека секој бизнис работи со податоци (кои некаде постојат т.е. се складираат/чуваат), во првата фаза ќе се зборува и за најчестиот начин за чување на податоци, релационата база на податоци.
2Втора фаза
Овој дел ќе вклучи креирање на визуелизација на вашите податоци. Конкретно, ќе се запознаеме со Microsoft Power BI алатката, која без сомнение е “to-go" алатка за брз, убав, информативен и автоматски приказ на податоците. Ќе видиме како да се поврземе со извор на податоци и како да го избереме вистинскиот визуелен приказ во зависност од податоците. Ќе научиме како да комбинираме графици во dashboard, но уште поважно, ќе научиме како да препознаваме пар (податоци, тип на график), бидејќи лоша визуелизација на податоци НЕ Е подобра од било каква визуелизација.
3Трета фаза
Во последната фаза од обуката, веќе ќе бидеме подготвени за запознавање со DAX (Data Analysis expressions) - јазик за манипулација со податоци. Ќе ги излистаме предностите на овој јазик во однос на SQL (и обратно), ќе научиме како да работиме со DAX во Power BI и ќе видиме како со помош на (advanced) DAX може да ги трансформираме податоците за да добиеме нивна подобра визуелизација.
4Вклучено
  • 30 часа ( 10 дена -> 1 предавање 3 саата месеци )
  • Додатни материјали (50 страници) со дополнителни објаснувања, илустрации и примери
  • Бесплатен софтвер и податочни сетови кои се користат на курсот
  • Сертификат
5Услови
  • Основи на SQL и релациони бази
  • Солидно познавање на Microsoft Excel алатката
  • Донесете свој лаптоп
  • Инсталирајте го водичот кој ќе ви биде испратен пред обуката
 

Цена

регуларна

22.500денари

 

Направете го првиот чекор кон вашата иднина во Data Science и Business Intelligence

 

 

Напомена
Сумата која Министерството за образование и наука ја исплаќа за обуките за дигитални вештини изнесува до 50% од вкупниот износ за обуката, односно максимум до 30.000 денари. Секој корисник на ваучер има право на еден ваучер.

vaucher_banner