fbpx

Предности на изучување SQL

[Query изгенерирано во SQL, со детал од Botticelli's Birth of Venus]

Предности на изучување SQL (Structured Query Language)

SQL или Structured Query Language претставува јазик развиен во раните 70-ти во IBM, од страна на Raymond Boyce и Donald Chamberlin. Создаден е како резултат од потребата за добивање пристап и модифицирање податоци зачувани во бази на податоци. SQL е официјалниот стандард за ANSI (American National Standards Institute) и ISO (International Organization for Standardization).

Со зголемување на обемот на податоци кој го генерираат компаниите, пропорционално расте потребата од изучување SQL. Заедно со обемот, расте и потребата од луѓе способни да „манипулираат“ со обемот на податоци. Овие растечки трендови гарантираат дека SQL е нешто на што со сигурност треба да се посвети внимание.
Во продолжение се излистани предности на SQL кои дефинитивно ќе ве натераат да се запознаете со него и да ја „пробате“ неговата работна околина.

Универзален јазик

Со користењето на SQL, кој се води како главниот јазик на компјутерот, се стимулирате да напредувате во кодирање со други различни јазици како што се: C++, Javascript, Python и др.
Во процесот на учење на SQL, ќе ги зголемите вашите способности да се специјализирате како програмер, инвеститор или менаџер. Иако звучи “hype-нато“, навистина нема граници на работите кои можат да се извршат со SQL.

Бесплатен е и лесен за употреба

SQL е open-source, што значи дека е целосно бесплатен и има голема заедница на програмери која стои зад него. Голем број прашања и проблематики кои се поврзани со SQL, се поставени и одговорени на StackOverflow. SQL е релативно полесeн за изучување од останатите програмски јазици, на пример C++, поради неговиот интутитивен начин за формулирање наредби. Воедно, некои од водечките системи за менаџирање бази на податоци како MySQL, MariaDB и Postgres, се исто така open-source.

Управувате со огромно количество податоци

Традиционалните табеларни пресметки во некоја канцелариска алатка, на пр. Excel, функционираат само доколку се применуваат над мали количини на податоци. Но кога е потребна обработка на огромни записи, потребно е алтернативно решение. Тоа решение е SQL. Системот за менаџирање бази на податоци го користи SQL за манипулација на податоците на оптимален, оптимизиран и брз начин, без разлика на редот на големина на податочното множество.

Останати придобивки на SQL:

  • Data Mining: SQL ќе ви овозможи да откриете информации од податоци со поголема ефикасност. Со едноставни пребарувања можете да идентификувате специфични податоци во одредени временски интервали, да видите ажурирани настани, да следите активност на табела и многу повеќе. Овие едноставни пребарувања ќе го фокусираат вашето внимание кон клучните трендови и индикаторите на перформанс на вашиот бизнис.
  • Манипулација на податоци: SQL е одлично прилагоден за манипулација со податоци. Поради тоа што овозможува директен и непосреден увид на податоците, манипулирањето со нив, како и тестирањето, се лесни и брзоостварливи акции. Исто така, податоците складирани во SQL се динамични, што значи дека може да се менуваат и манипулираат во секое време, преку извршување основни прашања (queries).
  • Поврзување податоци од различни извори: Поврзувањето податоци од два или повеќе извори, може да одземе многу време и навидум да изгледа како страшна задача. Но со SQL тоа не е случај. Имено, SQL го прави поврзувањето лесно преку воведување на концептот на клучеви и спојување хомогени и/или хетерогени податоци од различни табели/бази.

Технолошка еволуција

Технологиите на бази на податоци како MySQL, Microsoft SQL и PostgreSQL Server се имплементирани во огромните компании, малите компании, банките, болниците, колеџите. Всушност, секој компјутер или поединец со пристап до некој механички уред има одредена допирна точка со SQL. SQL е и движечката сила зад сите наши smart телефони, бидејќи и оперативните системи Android и iOS го употребуваат постојано.

Огромна побарувачка

Поради фактот дека секоја компанија е водена од податоци, познавањето SQL е вештина која се бара за различни работни позиции. Да умеете да манипулирате со податоци ги зголемува вашите квалификации и ве прави конкурентен на светскиот пазар.

Стекнете ја најбараната вештина денес.
Посетете ја обуката за Моделирање на податоци и Business Intelligence.