fbpx

Дино Шкријељ – студент на обуката за Business Intelligence

Кој е Дино Шкријељ и како се одлучивте да се запишете на обуката за Моделирање на податоци и Бизнис Интелигенција?

Во изминатите 6 години работам како оперативен менаџер за развој во компанијата КОЛА. Самата позиција подразбира одговорност за логистичките процеси и следење на новитети кои може да се имплементираат во компанијата. Успешно имплементиравме BI како подршка на „контролингот“ кој го користиме во секојдневието и тоа ни помага во носењето на деловните одлуки.
Со оглед на фактот дека во Македонија BI сеуште е многу малце застапен во компаниите или не е имплементиран на соодветното ниво, називот на обуката ми претставуваше предизвик. Сакав да видам што од она што ќе го слушнам/научам на обуката можам да имплементирам во секојдневното работење во мојата компанија. И не се покајав 😊

Дали би можеле накратко, со свои зборови да го опишете вашето искуство во претходните 5 недели?

Па не се 5, заради празниците се направија 7 недели ..... 😊
Шала на страна, презадоволен сум од обуката. Сум бил на „разноразни“ обуки од секакви видови каде само теоретски се предава без да се загребе под површината на темата и да се обиде подлабоко да се навлезе во предизвиците што реалните бизниси ги имаат.
На оваа обука и Филип и Никола, се личности кои имаат големо искуство во решавање на проблемите со кои се соочуваат компаниите и кои со своето знаење им „сервирале“ податоци на компаниите за деловните одлуки да бидат донесени што побрзо и истите да бидат поправилни.
И Филип и Никола не го штедеа своето знаење за да ни понудат една лепеза од можни решенија, а на нас останува да избереме што е најсоодветно за нашиот бизнис.

Која беше клучната мотивација за пријавување на курсот по Моделирање на податоци и Бизнис Интелигенција?

Користењето на BI во мојата компанија e максимално искористено, меѓутоа секако не е максимум што може да се добие од BI. Лично дојдов до некое ниво, кое што без оваа обука тешко можев да се надградувам. Основни познавања на SQL и Power BI се токму она што ми требаше за да направам еден исчекор во своето знаење а со тоа да донесам корист и за компанијата каде што работам.

Како и колку успеавме да ги исполниме очекувањата кои ги имавте и како наученото може да ви помогне во секојдневното работење?

Моите очекувања се максимално исполнети . Вие несебично пренесовте некој промил од вашето знаење и ни понудивте едно „дрво“ на можности за решавање на секојдневните проблеми. На нас е да видиме од која гранка ќе го земеме решението. Убавината е што учесниците доаѓаат од разни бранши, и повеќето имаат големо искуство во секторот каде што работат.
Секоја индустрија си носи свои специфичности и не постои стандардно решение за сите. Вие ни понудивте опции по кои може да тргнеме да ги бараме решенијата а на нас е да одлучиме како тоа ќе го искористиме во иднината.

Имате ли некој совет или некоја порака што би сакале да ја споделите со некој кој сака да научи повеќе од областа а сепак нема техничка позадина?

Па советот е ако нема никаква техничка позадина што побрзо да почне да ја стекнува 😊. Барем основата. Без технички познавања бизнисите се осудени на пропаст.
Добрата вест е што денес на пазарот постојат разни софтверски решенија кои не бараат од вас длабоко познавање на техниката, меѓутоа основите се неопходни.
Познавање на бизнисот во хоризонтала и стекнување на технички знаења со кои може да се расчепкаат податоци по вертикала се рецепт за успех

Дали би ја препорачал обуката на твоите колеги и пријатели? Каков совет би можеле да им го дадете на оние она кое се заинтересирани да дојдат на обуката?

Целосно ја препорачувам обуката. Пријатна атмосфера, стручни предавачи, подготвени секогаш да ви излезат во пресрет. Инвестирајте во себе. 5те недели ќе поминат брзо а знаењето што ќе го стекнете тука ќе ви остане засекогаш.

Пријавувањето за обуката за Моделирање на податоци и Business Intelligence е во тек.