fbpx

DATA SCIENCE во светот на ФАРМАЦИЈАТА

Здраво Магдалена, ќе може ли да ни раскажеш нешто повеќе за себе, која е Магдалена? Што работи?

Hello world (data scientists знаат зошто) :) Јас сум фармацевт (магистер по фармација ако баш мора титула) кој работи во биохемиска лабораторија, но не се дефинира себеси преку професијата. Љубител и истражувач на природата, науката, следствено и на природните науки.

Рече дека си фармацевт, кажи ни што те привлече кон оваа обука и како се вклопува Data Science во фармацијата?

  Лабораториската фармација е област која се занимава со разновиден тип на анализи и пресметки, исто како Data Science, што ја прави суштинската поврзаност на двете области. Начинот на размислување и користењето на алатките за анализа на податоците со кои располагаме се од огромна корист во таа смисла, а тоа е она што всушност го научив на оваа обука и понатаму ќе можам да го применам во секојдневната работа. Но, она што мене лично ме привлече беше личниот предизвик да се испробам себеси во една, навидум, не толку сродна област, а сепак многу актуелна моментално на глобално ниво.   

Ти си една од првите кои се дел  од онлајн обуките на Дата Мастерс, може ли да ни кажеш малку повеќе околу твоето искуство со ваквиот начин на предавање?  

Онлајн обуката ми беше ново ниво, со оглед на тоа дека сум научена на стандардниот тип на предавања, клупа и табла во училница. Изненадувачки лесно се адаптирав на онлајн варијантата, веројатно заради самата природа на обуката и одличниот тим со кој работевме групно.

Каква беше интеракцијата на онлајн обуката  и дали ги исполни твоите очекувања?

Имавме супер комуникација со предавачот (поздрав Илија) и групата во секој момент, што значи дека моите очекувања беа максимално исполнети.

Какви познавање треба да има еден човек да поседува за да може лесно да се снајде во обуката за Анализа на податоци во Python?

Ако се земам себе како пример, како некој што имал буквално нула знаење и       искуство во светот на програмирањето и програмските јазици, се' што е потребно е најосновни логички познавања и малку ентузијазам.

Имаш некој совет или порака што би сакала да ја споделиш со некој кој сака да нaвлезе во светот на Data Science?

Dare to try :)  Доколку на вашата професија even remotely може да и користи Data Science - не се двоумете воопшто. Но и без разлика на тоа, за себенадоградување ова се вистинските set of skills :)