fbpx

DATA SCIENCE во светот на ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Здраво Тинка ! :) Раскажи ни нешто повеќе за себе, која е Тинка, што работи, дали има некакво хоби?

Здраво, јас сум Тинка Маневска, дипломиран Агроекономист на Факултетот за земјоделски науки и храна.Кариерата ме однесе во малку поинаква насока а тоа е HR. Мојата приказна во полето на човечки ресури започна пред четири години кога почнав да работам како асистент за човечки ресурси. Токму тука започнаа сите обуки, отворени дебати и сертифакти од оваа област, но воедно започна и интересот и значењето на одделот Човечки ресурси и колку всушност овој сектор е важен за една компанија. Во однос на моето хоби би можела да кажам дека ги сакам планините, сакам да ги истражувам нивните убавини и да кампувам.

Повеќето знаат дека Data Science е интердисциплинарна област и многу е интересно дека работиш како HR (не знам која титула ја имаш). Може ли да ни кажеш каква е поврзаноста помеѓу HR и Data Science, и каква примена имаш ти од оваа обука во твоето секојдневно работење?

За оваа обука дознав од моја блиска пријателка и сакав да дознаам како можам да ги спојам Data Science и HR. Факт е дека многу компании и помали фирми во Македонија немаат системско решение за сите евиденции и статистички процеси и затоа следењето на целиот работен тек е отежнато. Конкретно мислам на евиденциите кои во својот процес опфаќаат рокови како и сите статистички процеси и анализи кои се прават низ работењето. Истотака мислам и на самото буџетирање на одделот, визуелното претставување на податоците и се она што сме го постигнало во даден период и сакаме да го анализираме. Сакам да напоменам дека Data Science е одлично решение за компании каде има поголем број на вработени но и во компании каде што сакаат да прават визуелизации и статистичко претставување на резултатите.

Исто како и Магдалена, и ти си една од првите кои присустуваа на онлајн часовите за Анализа на податоци во Python. Какво беше твоето искуство?

Онлајн часовите беа одлично искуство. Целата конверзација како и техничкиот дел беа на високо ниво. Самото предавање, деталното објаснување и посветеноста на нашиот предавач беа клучни фактори за успешно завршена обука.

 Дали интеракцијата на онлајн часовите ги исполни твоите очекувања?

Интеракцијата не само што ги исполни моите очекувања туку и ги надмина. Можеби на почетокот бев малку скептична за онлајн часовите, но на крај заклучив дека  интеракцијата беше еднакво добра и ефективна како на самите часови во канцелариите :)

Што би им препорачала на идните студенти и оние кои се двоумат да го направат првиот чекор?

На идните студенти и на оние кои се веќе вработени им препорачувам да истражат и потоа да бидат дел од ваков тип на обука. Сметам дека Data Science може да се употреби во сите области без разлика во кој сектор работиме. Самата обука ни помага да го надоградиме знаењето во однос на решавање на најразлични проблеми со кои се соочуваме при работењето. Отворено  и искрено ја препорачувам оваа обука на сите.