fbpx

Data Masters започнува со бесплатно кариерно советување

karieren-mentor

Најплатена, најбарана професија на денешницата. Постојат голем број епитети што се поврзуваат со Data Science, наука за која интересот за изучување е сè поголем, но во исто време постојат и недоумици кај оние кои не се сосема сигурни околу тоа кој е следниот чекор што треба да го преземат за да работат во ова поле.

Да се направи следниот чекор во постоечката или во нова кариера не е едноставна задача. Некогаш ги имате сите информации, но не ви се јасни придобивките за да можете да донесете одлука. Во друг случај, можеби не ви е сосема јасно која алатка/програма треба да ја научите следно за да можете да напредувате.

Со што треба да го надградам своето знаење? Кои програми треба да ги совладам? Со оглед на ова што го знам сега, од каде треба да почнам за да изградам кариера во Data Science? Ова се дел од најчестите прашања на заинтересираните за поле кое има огромен потенцијал за градење на кариера. 

Препознавајќи ја потребата за правилно насочување на заинтересираните, Data Masters Academy започнува со бесплатно кариерно советување за сите кои сакаат да го изучуваат ова поле. 

„Свесни сме дека постојат голем број на луѓе кај нас кои размислуваат за надградба на знаење или промена на кариера, а на кои им треба насочување и токму затоа ја започнуваме оваа иницијатива за да им помогнеме да ја донесат вистинската одлука за себе“ - вели Катерина Јангеловска, раководител на Академијата.

Како функционира процесот на консултација?

Во формуларот достапен на страната на Data Masters заинтересираните треба да ги остават своите податоци, образование и познавање на програмски јазици или други видови на алатки.

Воедно, потребно е да посочат за што конкретно им е потребен совет - дали би сакале да се доквалификуваат, преквалификуваат, во која насока/област би сакале да ја градат кариерата итн. 

По поднесувањето на пријавата, кариерниот ментор ја разгледува истата и закажува онлајн состанок со пријавениот на кој се дискутираат можностите за кариерен развој и насочување.

Сите заинтересирани за кариерно советување во областа на Data Science тоа можат да го сторат преку пријавување на следниот линк.

Пријавете се!