fbpx

Data Science Академија „Група на комплетно различни генијални поединци“

„Дипломиран електро-инженер на насоката КТИА- Компјутерска техника информатика и автоматика, моментално студент на втор циклус последипломски студии на Машинскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, на насоката Индустриски менаџмент. Веќе 13 години работи во меѓународна корпорација во делот на ИТ. Тоа е своевиден показател дека е личност од доверба која е сигурна во својот професионален и личен пристап, исклучително толерантна кон блиското и поширокот опкружување, а со самото тоа и прилагодлива на промените кои се случуваат на секојдневна основа (како на пример многуте промени на менаџерскиот тим), имајќи брза реакција кон истите и прифаќајќи предизвици за да се „фати во костец“ со нив. Токму таков предизвик за Биба е и запишувањето на Data Science во Data Masters- место каде што излегоа на површина голем број на карактеристики по кои Биба е препознатлива т.е. Како  како социјално и комуникативно битие (push иницијатор на академијата) чијашто флексибилност и опуштеност беа логичен антипод на фактот дека е истовремено и екстремно одговорна што очекувано како плод даде производ- скрипта на академијата за сите кога завршија 2019 година“.

Што те инспирира во работата?

Луѓето и тимот со кои работам отсекогаш биле и се мојата инспирација за изнаоѓање креативни решенија на проблемите со кои се соочуваме. Имам динамична работа која подразбира ИТ во сите сфери, во не-ИТ компанија. Токму затоа е интересно - купуваш знаење од секој оддел, а враќаш со насмевка и решение.

Споделете го Вашето достигнување со кое најмногу се гордеете?

Нема да звучи нескромно доколку истакнам дека сум неизмерно горда што останав доследна на себе си и во овој 21-ви век, успевам да бидам брутално искрена и за некого непоимливо човечна, во услови  кога ниту една работна позиција, ниту околината, а посебно не и многуте луѓе и нелуѓе кои ги сретнав не успеаја да го променат она на коешто моите родители ме научија -ДА БИДАМ ЧОВЕК.

Да ме прашавте пред повеќе од15 години ќе ти кажев: „Не научив белот да играм и затоа дипломирав.“

Поминаа 8 месеци од почетокот на Академијата за Data Science :)  Дали се сеќавате на вашата прва средба со Data Masters? 

Тоа беше средба што засекогаш ќе ми остане во сеќавање. Имено, колегата од работа ме информираше за некоја „cool“ data science Академија која се организира за прв пат во Македонија. Јас испратив порака со барање да добијам повеќе детали и за неочекувано кратко време бев контактирана од Ана од маркетинг, со која договоривме средба многу наскоро. Побарав неколку одговори од предавачите, дојде Мартина расеана во мозокот (очигледно работеше на многу проекти), многу наликуваше на мене (организирана и гладна за нови авантури) и одлуката беше донесена, сакам да бидам дел од ова семејство. Моите неуспешни преговори со компанијата каде работам за да ја покријат обуката придонесе да задоцнам со одговорот дури 2 дена. Но, недобивањето подршка од „моите“ не ме обесхрабри туку напротив дополнително ме мотивираше да продолжам да правам работи кои ме прават среќна-да инвестирам во стекнување нови знаења, да патувам, но и да се грижам најодговорно за својата физичка и ментална благосостојба. Во меѓувреме како што ме информираа, од академијата барале пополнување на последното место со профил како мојот, па случајните примероци меѓусебно некорелирани излегоа статистички незначајни да се изгради еден одличен модел - Симон мора да си горд на нас.

Како ви се промени секојдневието откако ја започнавте Академијата по Data Science?

Немав време за ништо – беше зима, краток ден па не беше тешко, имам уште едно големо семејство – специјална група на комплетно различни генијални поединци – перфектно, ми даде сосема ново едноставно решение на сложени во минатото проблеми – одлично, корисно и сигурно еден ден ќе донесе враќање на инвестицијата.

Дали има некој посебен момент или искуство од Академијата којшто би сакале да го споделите со нас?

Склопот на различни предавачи на различни тематики, со различни енергии, динамики и методики секако ја прават академијата многу поразлична од секое едукативно искуство до сега. За изборот на поединци кои се дел од оваа Академија можам само да им честитам на луѓето кои ја правеле селекцијата. Секако, енергијата која ја имаме во оваа група е посебна (не можам да издавам детали сепак е јавна сторија нели). Концепцијата, организацијата и идејата на Data Masters за оваа Академија е она кое што недостасуваше во Македонија, а неконвенционалниот пристап на предавачите е тоа што овие луѓе ги прави поразлични од останатите.

Каков „свет“ ви отвори оваа Академија? Како наученото тука го применувате во вашиот бизнис?

Академијата е склоп на многу алатки кои можете да ги користите во автоматизацијата и визуелизацијата на голем дел од процесите. Автоматизација на комерцијалните и маркетинг процесите, финасиско аналитичките процеси, процесот на човечки ресурси, процесот на логистика, архивата и секаде кадешто можете да детектирате можност за автоматизација и решение.

Ќе почнам од крајот кон почетокот, т.е. преку NLP, scraping со соодветно предвидување во прецизен модел интерпретирано преку линија код во Python (како што би рекла Мартина), ќе овозможите менаџментот да биде сигурен во донесувањето на сложени финансиски одлуки, а моделот ќе можете лесно да го презентирате преку графички приказ разбирлив на сечиј јазик.

На каков проект работите за крајот на Академијата?

Викендов треба да одлучиме дали ќе работиме модел за ресторани, банки или берза. Ќе работам во тимот со кој што работевме и на првиот проект за Airbnb Berlin. Ќе биде интересно сега кога можеме да користиме и предвидувања и да хакираме страни и сето тоа да го презентираме како еден завршен проект практичен  приказ на нашето знаење стекнато на академијата.

Во последниов месец се префрливме на Online учење, какво ти е искуството со учење Online?

Онлајн предавањата се супер, и е навистина вложено за да биде најблиску до предавањата во живо. Задоволна сум многу иако морам да признаам дека ми фали групно пиење кафе на балкон каде сите се бориме за збор или пиење пиво со Симон за да ни го доближи поблиску проблемот и решението со податоците од фабриката за пиво :)

Што би му кажале на некој кој размислува да биде дел од  Академијата за Data Science?

Академијата за Data Science е нов занает и би ја препорачала секому кој има логично размислување и кој е иновативен и креативен во решавање на проблемите. Мрежата на контакти, различните пристапи кон проблемите, „најкул“ професионални учители е она кое што можете да го очекувате на Академијата за Data Science.Дали е поважно да имате среќа или вештина? Мислам дека е подобро да имате среќа, но и вештината ви отвора многу можности. Најважно е да се најдеш на вистинско место во вистинско време, а за мене Академијата беше токму тоа – јас на вистинското место, во вистинското време.