DATA SCIENCE
ACADEMY
02.10.2019

DATA SCIENCE
ACADEMY
02.10.2019

Сакате да станете Data Scientist?

По долгорочно планирање спремни сме да ја понудиме првата практична академија за Data Science во Македонија која што во 8 месеци ќе ве фокусира во областа на Машинското учење и ќе ве изгради во млади консултанти кои ја имаат потребната основа да се изградат во професионалци компетентни на светско ниво.

Нашата цел е да ве специјализираме во Python, анализа на податоци, класификација, регресија и заедно да навлеземе во светот на NLP (Natural Language Processing), како и да ви дадеме можност за практичен реален проект каде што ќе можеме да ви го пренесеме нашето консултантско искуство и да ви помогнеме заедно со нас да ги направите првите чекори во областа.

Зошто баш оваа академија?

Академското и практичното искуство кое стои позади нас како предавачи и консултанти не научило дека пред сѐ, доколку сакаме да го пренесеме знаењето кое што го имаме, истото мораме да го пренесеме преку фокусирана и практична програма која на слушателите ќе им даде дозирано знаење кое ќе можат да го разберат и да го искористат за креирање на кариера во Data Science. "Unicorn" се станува со внимателен, фокусиран и дозиран пренос на искуство и знаење кој ќе ве направи способни да заработувате од стекнатото знаење.

Data Science не е наивна и лесна област за учење, па затоа нашата одлука е да ви понудиме академија која што ќе комбинира само Машинско учење и Python. Со тоа, самата академија ќе ја насочиме кон стекнување на знаење со кое слушателите ќе можат да ги поврзат математичките и ИТ вештините кои ќе со бизнис искуството кое го имаат и со бизнис проблемот кој што го решаваат. Оваа академија е направена според интерните едукативни модели во корпорациите каде што сме работеле, како и според академските програми кои ние како предавачи сме ги изучувале.

Оваа академија е дел и од обуката која ја поминуваат и нашите идни вработени, што дополнително ја потврдува сериозноста и фокусот кој што ќе го инвестираме во тоа да направиме искусен професионалец од секој слушател.

Зошто баш оваа академија?

Академското и практичното искуство кое стои позади нас како предавачи и консултанти не научило дека пред сѐ, доколку сакаме да го пренесеме знаењето кое што го имаме, истото мораме да го пренесеме преку фокусирана и практична програма која на слушателите ќе им даде дозирано знаење кое ќе можат да го разберат и да го искористат за креирање на кариера во Data Science. "Unicorn" се станува со внимателен, фокусиран и дозиран пренос на искуство и знаење кој ќе ве направи способни да заработувате од стекнатото знаење.

Data Science не е наивна и лесна област за учење, па затоа нашата одлука е да ви понудиме академија која што ќе комбинира само Машинско учење и Python. Со тоа, самата академија ќе ја насочиме кон стекнување на знаење со кое слушателите ќе можат да ги поврзат математичките и ИТ вештините кои ќе со бизнис искуството кое го имаат и со бизнис проблемот кој што го решаваат. Оваа академија е направена според интерните едукативни модели во корпорациите каде што сме работеле, како и според академските програми кои ние како предавачи сме ги изучувале.

Оваа академија е дел и од обуката која ја поминуваат и нашите идни вработени, што дополнително ја потврдува сериозноста и фокусот кој што ќе го инвестираме во тоа да направиме искусен професионалец од секој слушател.

Фази на учење на академијата

  • Фаза 1Python

    Тука ќе се запознаеме со Python, неговата семантика и изучување на основните податочни структури како: листи, низи, библиотеки и мапи. По запознавањето ќе преминеме на основните библиотеки за анализа и визуелизација на податоци. Ќе научиме како се превземаат податоци од веб страни и како истите да се стават во база. За да можеме подоцна тие податоци да ги обработиме, во овој модул ќе се запознаеме и со основната синтакса на SQL (Structured Query Language).
  • Фаза 2Математика и статистика

    Во овој модул ќе се изучуваат:
    Комбинаторика, аксиоми на веројатноста •
    Условни и независни настани •
    Tотална веројатност и Баесова теорема •
    Случајна променлива •
    Бројни карактеристики на случајна променлива •
    Математичка статистика •
    Параметарски хипотези и тестови на значајност •
    Непараметарски хипотези и тестови на значајност •
    Законот за големи броеви •
    Централна лимит теорема •
    Корелација и корелациона матрица •
  • Фаза 3Анализа на податоци

    Анализата на податоци е клучна во еден проект и клучна вештина на која што треба да се посвети големо внимание. Во овој дел, повторно ќе се дружиме со Python, но овојпат во доста понапредна форма. Тука ќе научиме како со помош на Python да ги визуелизираме и разбереме податоците, да го разбереме бизнисот и проблемот како и да препознаеме како да продолжиме понатаму. Во овој дел базирано на прашањето кое го решавате, ќе успеете да препознаете дали истото се решава со класификација, регресија или друга методологија.
  • Фаза 4Регресија

    Една од опциите да продолжиме понатаму е да го решаваме проблемот со помош на регресија, па затоа ќе имаме посебен дел во кој ќе се изучат основните алгоритми за регресија. За време на овој дел ќе разберете кои алгоритми за регресија постојат, кога се користат и најважно за каков тип на податоци можете да ги искористите. По многу практични примери, ќе бидеме спремни за хипотези и тестирање на хипотези.
  • Фаза 5Класификација

    Втора опција е решавање на проблемот со помош на класификација. Во овој дел ќе ги изучиме во детали најважните алгоритми за класификација, како што се линеарна регресија, логичка регресија, nearest neighbours...) Исто како и во регресијата, целта на овој модул ќе биде да ги разберете сите алгоритми и да стекнете знаење и чувство кога истите се користат во реални проекти. Откако ќе се запознаеме и ќе се чуствуваме удобно при нивно користење, ќе бидеме спремни за евалуација на модели за класификација.
  • Фаза 6NLP (Natural Language Processing)

    Во овој модул ќе се запознаме со анализа и класификација на текст, како и сите алгоритми и модели кои се употребуваат при сегментација и класифиција. За време на овој дел од академијата ќе ви пренесеме не само теорија, туку и реални примери и предизвици кои сме ги имале во последните години.
  • ПРАКТИЧЕН ДЕЛПрактичен проект

    По завршувањето на теоретскиот дел, последните 8-10 недели од академијата ќе бидат посветени на вашето практично искуство. Праксата вели дека ниеден курс или академија не може да се мери со искуството стекнато на првите проекти. Нашата методологија на предавање создава комбинација од практичното и теоретското знаење, па затоа сакаме нашето консултантско искуство да ви го предадеме на тој начин што ќе ви го понудиме овој менторски период од 2 месеци за да можете заедно со нас да го решите вашиот прв реален проект.

Како да аплицирате

Аплицирате1

Аплицирате

Ги внесувате вашите лични податоци во формата за пријавување.
Тимот ја разгледува апликацијата2

Тимот ја разгледува апликацијата

Нашиот тим ќе ве исконтактира по што ќе договориме средба.
Состанок3

Состанок

Доаѓате во нашите канцеларии каде ќе се запознаете со вашите инструктори. Дополнително, ќе направиме и кратка анализа на вашето моментално знаење со цел креирање на персонализирани чекори и насоки за припрема пред академијата.
Одобрување4

Одобрување

Нашиот тим ќе ве исконтактира за да го потврди вашето место на академијата.
 
Artboard 2 copy 35

Подготовка

По потврдата на вашата аплиакција, постои дел за припрема, каде базирано на вашите потреби ќе ви испратиме наши скрипти кои ги користиме за брз on-boarding во областа.

Повеќе информации

 
1Кога почнува академијата?
Академијата започнува на 02.10.2019 и трае 8 месеци распоредени во 2 дела. Првиот дел е фоксуиран на теорија и вежби за совладување на теоретскиот дел во Python. Вториот дел е фокусиран на практична работа на проект на кој менторски ќе се посветиме кон сите слушатели и ќе им помогнеме да ги направат првите чекори кон Data Science кариера.
2Што ќе добијам од оваа академија?
На оваа академија ќе добиете знаење според програма по која ние ги обучуваме нашите консултанти и според програма која ние сме ја поминале кога сме биле почетници.
Целта на нашата академија е да понудиме простор за изучување на обемна тематика во детали, а не да протрчаме кон серија на клучни зборови кои само ќе ви дадат недоволна основа за понатамошниот развој во областа.
3Каков е процесот на аплицирање?
Процесот на аплицирање е прилично едноставен. Првиот чекор е да аплицирате и да ни оставите ваш информации за да можеме да ве исконтактираме и да спроведеме кратко телефонско интервју на кое би ги поминале основните прашања кои ги имате за академијата. По телефонското интервју имаме процес на еден на еден интервју со цел техничка евалуација и усогласување на вашето знаење со потребите на курсот и знаењето на групата.
4Колку изнесува цената и дали може да се исплати на рати?
Цената на академијата изнесува 2.500 евра. Постои можност за плаќање на 10 рати, а за плаќање во целост добивате 5% попуст на целата сума.
5Дали треба да имам инсталирано Python околина?
Да. Нашиот тим подготви упатствo за инсталација на Python, под Windows и Linux околина. Јасните инструкции, напишани во упатството, ќе ве водат низ целиот процес на инсталација. Доколку сепак не се снајдете со инсталацијата, нашиот тим ќе ви помогне.
6Како оваа академија може да ми помогне во понатамошната кариера?
Практичното искуство кое ќе го стекнете за време на академијата, искомбинирано со теоретската основа, а поткрепено со советодавната експертиза од најголемата компанија за човечки ресурси во Македонија, Вработување КОМ, ќе ви помогне ефективно и брзо да ја вратите инвестицијата.
7Колку време трае едно предавање?
Во зависност од темата и интересот кој постои за неа, сметаме дека за совладување на материјалот од едно предавање, потребни се околу три и пол часа, два пати во неделата. Дополнително, предвидени се вежби на кои преку менторство и помош од предавачите, материјалот добро ќе се совлада и утврди.
8Од колку часот почнуваат предавањата?
Предавањата започнуваат во 17:30 часот, како би имале доволно време да завршите со работа и да се припремите за часот.
9Дали треба да носам лаптоп?
Да. Сметајте дека лаптопот ќе биде вашето подвижно биро во времетраење на целата академија. Со оглед на тоа дека вежбите ќе бидат работени во локална околина, од исклучителна важност е со да работите на вашиот лаптоп како би можеле во позната околина да ги сработувате домашните и вежбите кои ќе ги имате за часовите. Што се однесува до платформата, може да биде Windows или Mac.

Мake the first step to become a
Мaster of your data!

 
2.500евра

  • Времетраење
    6 месеци теорија и 2 месеци менторска изработка на проект со реални податоци
  • Динамика
    2 пати неделно по 3 часа и 30 минути
  • Услови за плаќање
    Попуст од 5% за плаќање во целост или можност за плаќање на 10 рати
  • Почеток
    02.10.2019
 

Што велат нашите студенти



Јас би ги советувал сите кои се двоумат да го започнат својот Data Science career path да не се двоумат и без размислување да се пријават… Read more “Андреј Илиевски”

Обуката за мене претставуваше одличен почеток кон една обемна тематика.

Вие ни понудивте опции по кои може да тргнеме да ги бараме решенијата а на нас е да одлучиме како тоа ќе го искористиме во иднината.

Желбата да ги проширам моите можности во однос на поефективна обработка на податоци, ме потикна да се запишам на обуката.

„Веќе некој период слушам дека се повеќе и повеќе се зборува за Data Science како тема и дека е перспективно поле кое ќе се развива во… Read more “Александра Андоновска”

Како основач на start up и член на start up заедницата, овие обуки се од круцијално значење за да на самиот почеток се постават основите за успешен бизнис revenue.

„Data Science е иднината, кај нас е новитет, во светот не ѐ и навистина е супер што Data Masters ни ја доближува таа иднина и ни… Read more “Оливера П. Станојевиќ”

Оливера П. Станојевиќ

„Business Intelligence is a must. Носење одлуки врз база на податоци и информации кои произлегуваат од нив, во денешниот свет е единствениот начин за успешен бизнис.“