Data Analysis преку Python

(ONLINE ОБУКА)

Data Analysis преку Python е обука која ќе Ве научи како со помош на програмскиот јазик Python да се соочите со проблемите при работа со податоци, ќе ви помогне при нивна анализа, визуализација на истите и извлекување на значајни заклучоци. Доколку сте студент или вработен, кој секојдневно се справува со предизвиците на обемни податоци и нивна анализа, или пак едноставно сакате да го надоградите вашето знаење, оваа обука е за Вас.Како консултантска фирма ние ќе се погрижиме да се запознаете со нашиот начин на работа и да осознаете што значи консултантски пристап при користење на Python за анализа на податоци.

We practice what we teach.

Data Analysis
преку Python

обука од
Python Master модулот

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ МОДУЛИ

Што ќе изучите

На оваа обука ќе  се сретнеме со разновидни податоци и ќе научиме како истите да ги подготвиме за анализа, со цел да донесеме едноставни статистички заклучоци и да креираме визуализации со помош на програмскиот јазик Python. Ќе се запознаеме со најважните библиотеки за анализа на податоци, како NumPy, Pandas, Matplotlib и Seaborn.

По завршување на оваа обука ќе можете да:

  • Анализирате податоци со помош на Python библиотеки
  • Ги разберете основите на NumPy, основа на сите други аналитички алатки во Python.
  • Анализирате множества на податоци во реалниот свет користејќи ја библиотеката Pandas.
  • Направите основни статистички пресметки и да дојдете до краен заклучок
  • Поставувате вистинските прашања и преку анализа на проблемот да дојдете до важни заклучоци
  • Подготвувате информативни, корисни и убави визуелизации за анализа на податоците

Фази на обуката

1Data analysis process
Оваа фаза ќе биде наменета за читање, разбирање и анализирање на различни типови на податоци. Ќе извлекуваме заклучоци , преку кои ќе добиеме првична анализа, со цел да направиме понатамошна визуелизација, која ќе ја комплетира нашата анализа.
2Numpy и Pandas
Во втората фаза ќе се запознаеме со дел од библиотеките кои ги нуди Python за анализа на податоци. Библиотеките Numpy и Pandas ќе го направат процесот на анализа многу полесен и со нивна примена ќе научите како да направите дескриптивна анализа на податоците.
3Matplotlib и Seaborn
Во третата фаза, ќе ги совладате и ќе научите како со леснотија да ги користите библиотеките за визуелизација. Ќе правите визуелизации на податоци со помош на Matplotlib и модулите на Seaborn.
4Анализа на податоци преку бизнис пример (Final project)
Последната и можеби најважна фаза од овој курс е изработка на проект. Тоа подразбира дека секој студент ќе изработи проект преку работа на реално множество на податоци, со цел да го имплементирате целото знаење стекнато од претходните часови и да се здобиете со insight во работата на еден Data Analyst.
 

ПРЕОСТАНУВААТ УШТЕ

00

days


00

hours


00

minutes


00

seconds


 

Направете го првиот чекор кон вашата иднина во Data Science

*местата се ограничени

 

 

 

 

Знаење

Поимите Python, NumPy, Pandas, Matplotlib, Seaborn, KPIs ќе бидат ваши новостекнати вештини.

Искуство

Работата на реални предизвици со кои се соочува тимот на Data Masters, ќе го збогати вашето портфолио.

Кариера

Солидната основа, како и јасната насока за „што понатаму“, ќе ја трасираат вашата идна кариера како консултант.

Дополнителни прашања?

1Што ќе добијам од оваа обука?
Преку оваа обука се добива целосна слика за тоа како работи (или треба да работи) еден бизнис. Целосната слика се склопува преку разбирање на големата бизнис-идеја (со дефинирање и следење на KPIs), како и „спуштање“ на ниво на податоци, т.е. работа со база на податоци и визуелизација. Дополнително, ќе добиете супер-насочено менторство од страна на предавачите, за време на обуката, како и по нејзиното завршување. Секако, нашата комуникација ќе биде продлабочена и со заедничко вклучување во интерни групи на комуникација сѐ со цел споделување на можности за работа, проекти, како и помош при реални предизвици и проекти.
2Зошто да ја посетувам обуката?
Одговорот е многу едноставен поради стекнување на компетенции, предадени директно од луѓе во областа. Имање човек кој ќе те води чекор по чекор низ процесот на анализа на податоци со помош на Python e голема предност. Ние, како прва компанија специјализирана во Business Intelligence и Machine Learning, сме цврсто решени да создадеме кадар кој му е потребен на бизнис - секторот.
3Кои предзнаења треба да ги имам?
  • Основи на програмирање преку Python
  • Предзнаења од областа на програмирање
4Колку трае едно предавање?
Во зависност од темата и интересот кој постои за неа, сметаме дека за совладување на материјалот од едно предавање, потребни се помеѓу два и два и пол часа, три пати во неделата. Дополнително, предвидени се вежби на кои преку менторство и помош од предавачите, материјалот добро ќе се совлада и утврди.
5Од колку часот почнуваат предавањата?
Предавањата започнуваат во 17:30 часот, како би имале доволно време да завршите со работа и да се припремите за часот.