fbpx

Популарноста на четбот технологијата низ статистики

четбот статистики

Популарноста, односно имплементацијата на четбот технологијата во последниве неколку години станува сè поголема. Една од најголемите причини за тоа е што на бизнисите им помага да ја подобрат својата онлајн услуга и да им излезат во пресрет на корисниците брзо и ефикасно, што од друга страна им носи и заштеда. Четбот е технологија од областа на вештачка интелигенција која симулира човечки разговор преку пишана комуникација или гласовна команда.

Интересно е да се спомене дека првиот четбот наречен ELIZA бил создаден во 1966 година од страна на професор на MIT. Програмот бил создаден да го имитира човечкиот разговор и идејата била тој да симулира интеракција со психотерапевт. Основата на која бил поставена била психотерапија, односно програмот давал одговори на зборови што корисниците ги внесувале во компјутер. 

eliza - chatbot

Создавачот на ELIZA, Џозеф Вајзенбаум, стоел на ставот дека машина не може да го замени човекот, односно дека е невозможно компјутерот да има подлабинско разбирање на човечкиот јазик.

 

Неколку децении подоцна и голем број на надградени верзии на четбот, Apple ја создаде Siri. Siri беше создадена за потребите на iOS во 2010, како личен асистент. Во 2012 светот го доби Google Now кој во 2017 година се трансформираше во Google Assistant и секако Alexa, личен асистент развиен од Amazon и претставен на пазарот во 2014. Alexa функционира преку гласовна команда, односно само преку говор можете да ја користите за безброј нешта - од тоа да ви предложи музика, до контрола на производи со smart технологија во вашиот дом.

chatbot-ai

 

Популарност изразена низ статистики

Употребата на четбот технологија е огромна, а во голем број аспекти ја олеснува работата на бизнисите. Зошто е тоа така?

Да погледнеме неколку статистики и податоци кои зборуваат за тоа:

 

Имплементацијата на четбот може да ги намали трошоците за услуги за корисничка поддршка и до 30% (извор: IBM)

Четбот во услугите за корисници овозможува ефикасност и достапност, намалување на трошоци како и оптимизација на ресурсите, односно овозможува агентите во центрите за корисничка поддршка да се впуштат само во конверзација која е покомплексна, за разлика од претходно кога морале да одговараат на сите прашања. Според IBM четбот може да одговори во 80% од случаите во кои корисниците поставуваат рутински прашања.

 

Помеѓу 2018 и 2020 година имало раст од 67% во имплементација на четбот технологија (извор: Landbot)

Овде секако има влијание ситуацијата со Covid-19. Префрлањето на бизниси, организации, образование, здравство, шопинг и други аспекти од живеењето онлајн, во поголем процент од било кога досега, исто така влијаеше и корисниците да се погласни во поглед на идентификување на недостатоци во производи и услуги, а тоа повлече и имплементација на четбот технологија за да се одговори поефикасно на нивните барања.

 

64% од јавноста ја сака четбот технологијата бидејќи овозможува услуга 24/7 (извор: Convince & Convert)

Ова се надоврзува на посоченото погоре дека оваа технологија овозможува оптимизација на процесот на организација на работата во секторите за корисничка поддршка. 

 

Заклучно со 2022 година, 66% од операциите во делот за корисничка поддршка ќе ползуваат IT (извор: Gartner)

Како за споредба, во 2017 година околу половина од операциите во делот за корисничка поддршка опфаќале користење на IT технологии (вклучувајќи и четбот).

 

Се очекува дека четбот технологијата до 2022 ќе придонесе за намалување на бизнис трошоците и до осум милијарди долари (извор: Juniper Research)

Четбот има голема примена во секојдневното живеење, како и во раководењето со бизнисите. Според ова истражување се очекува неговото имплементирање во различни сегменти од бизнисот како B2B, B2C и B2E да заземе уште поголем простор.