Без разлика дали сте студент, вработен, имате сопствена фирма или познавање од научната област - доколку сакате податоци и сакате да ставите крај на комплицираната обработка на податоци во Ексел, ние ве сакаме вас.
Обуката за манипулација на податоци и Business Intelligence е за сите кои сакаат да стават крај на мачните анализи во Excel, да се надоградат и просперираат, да свртат нов лист во кариерата или да се унапредат во тековната. Преку обуката, ќе допреме до нови технолошки трендови во компјутерските науки и ќе го доближиме светот на најбрзо растечката индустрија во светот.
Ние градиме консултанти, a не практиканти!

Моделирање на податоци и Business Intelligence

Логиката зад секој бизнис

Научете што е Business Intelligence, поставете KPIs кои се релевантни за вашиот бизнис и идентификувајте кои чекори треба да се преземат за остварување на поставените цели. Покрај теоретската основа за business intelligence, ќе се запознаете со техничкиот јазик на кој комуницираат податоците во базите на податоци (SQL), ќе научите дополнителен јазик за трансформација на податоци (DAX) и ќе бидете спремни да работите со алатката за визуелизација на податоци (Power BI). По завршувањето на оваа обука и стекнатата BI компетенција ќе бидете чекор поблиску до процесот низ кој поминува тимот на консултанти за создавање (полу)автоматизирана аналитичка архитектура и ќе знаете полесно и побрзо да ги направите анализите кои ви се потребни.

Обуката е организирана во четири фази

1Теорија
Првата фаза од обуката е теоретски вовед во Business Intelligence и релациони бази на податоци. По воведот во тоа што всушност претставува BI, ќе бидат идентификувани бизнис-потребите од BI, како и начините на кои бизнисите можат да ги следат зацртаните цели. Знаејќи дека секој бизнис работи со податоци (кои некаде постојат т.е. се складираат/чуваат), во првата фаза ќе се зборува и за најчестиот начин за чување на податоци, релационата база на податоци.
2Бази на податоци и SQL
Здраво SQL (Structured Query Language)! Во оваа фаза ќе поминеме од „здраво“, преку „на Вие“ до „на ти“ со SQL. Ќе се запознаеме со податочните типови во MS SQL Server и ќе ја изучиме TSQL синтаксата за креирање, ажурирање и бришење податоци. Ќе видиме како со помош на SQL може да поставиме прашања до базата на податоци и како да ги трансформираме/интерпретираме одговорите. Прашањата кои ќе ги поставуваме ќе варираат од обични „како си“ прашања, до сложени прашања кои бараат одговори на комплексни бизнис-потреби.
3Power BI
Во третата фаза од обуката, ќе се насочиме кон визуелизација на податоци. Конкретно, ќе се запознаеме со Microsoft Power BI алатката, која без сомнение е “to-go" алатка за брз, убав, информативен и автоматски приказ на податоците. Ќе видиме како да се поврземе со извор на податоци и како да го избереме вистинскиот визуелен приказ во зависност од податоците. Ќе научиме како да комбинираме графици во dashboard, но уште поважно, ќе научиме како да препознаваме пар (податоци, тип на график), бидејќи лоша визуелизација на податоци НЕ Е подобра од било каква визуелизација.
4DAX
Во последната фаза од обуката, веќе ќе бидеме подготвени за запознавање со DAX (Data Analysis expressions) - јазик за манипулација со податоци. Ќе ги излистаме предностите на овој јазик во однос на SQL (и обратно), ќе научиме како да работиме со DAX во Power BI и ќе видиме како со помош на (advanced) DAX може да ги трансформираме податоците за да добиеме нивна подобра визуелизација.
 
Времетраење5 недели
Динамика2 пати неделно по 3 часа и 30 минути
Цена24.000 денари
Услови за плаќањеМожност за плаќање на 3 рати, 10% попуст при плаќање во готово
Почеток30.10.2019
00

days


00

hours


00

minutes


00

seconds


 

Знаење

Поимите SQL, DAX, Power BI, KPIs и релациони бази на податоци ќе бидат ваши новостекнати вештини.

Искуство

Работата на реални предизвици со кои се соочува тимот на Data Masters, ќе го збогати вашето портфолио.

Кариера

Солидната основа, како и јасната насока за „што понатаму“, ќе ја трасираат вашата идна кариера како консултант.
 

Дополнителни прашања?

1Што ќе добијам од оваа обука?
Преку оваа обука се добива целосна слика за тоа како работи (или треба да работи) еден бизнис. Целосната слика се склопува преку разбирање на големата бизнис-идеја (со дефинирање и следење на KPIs), како и „спуштање“ на ниво на податоци, т.е. работа со база на податоци и визуелизација.
Дополнително, ќе добиете супер-насочено менторство од страна на предавачите, за време на обуката, како и по нејзиното завршување. Секако, нашата комуникација ќе биде продлабочена и со заедничко вклучување во интерни групи на комуникација сѐ со цел споделување на можности за работа, проекти, како и помош при реални предизвици и проекти.
2Зошто да ја посетувам обуката?
Кратко и јасно: поради стекнување на компетенции, предадени директно од луѓе во областа.
Имање човек кој ќе те води чекор по чекор низ процесот на развивање Business Intelligence вештини е голема предност. Ние, како прва компанија специјализирана во Business Intelligence и Machine Learning, сме цврсто решени да создадеме кадар кој му е потребен на бизнис-секторот.
3Кои предзнаења треба да ги имам?
Поседување искуство во областа не е предуслов за посетување на оваа обука. Нашиот концепт е: дојди со желба за учење, ентузијазам за работа и голема мотивираност. Со наша помош и менторирање, многу брзо ќе го совладате манипулирањето со податоците и нивна визуелизација.
4Колку трае едно предавање?
Во зависност од темата и интересот кој постои за неа, сметаме дека за совладување на материјалот од едно предавање, потребни се помеѓу три и три и пол часа, два пати во неделата. Дополнително, предвидени се вежби на кои преку менторство и помош од предавачите, материјалот добро ќе се совлада и утврди.
5Од колку часот почнуваат предавањата?
Предавањата започнуваат во 17:30 часот, како би имале доволно време да завршите со работа и да се припремите за часот.
6Дали треба да носам лаптоп?
Да. Сметајте дека лаптопот ќе биде вашето подвижно биро во времетраење од пет недели, додека трае обуката. Со оглед на тоа дека вежбите ќе бидат работени во локална околина, од исклучителна важност е со понесената желба за доаѓање на часовите, да не заборавите да го понесете и лаптопот со вас. Што се однесува до оперативниот систем треба да биде Windows. Доколку имате Mac, потребно е да инсталирање и Windows. Ова може да се направи на повеќе начини.