Бојана Спировска – студент на обуката за Business Intelligence

fptbty

Која е Бојана Спировска и како се одлучи да се запише на обуката за Моделирање на податоци и Business Intelligence?

43 год., вработена во Vip во одел за бизнис администрација. Сакам да работам со податоци и секојдневно имам директен или индиректен контакт со релативно големи и големи податочни бази. Желбата да ги проширам моите можности во однос на поефективна обработка на податоци, ме потикна да се запишам на обуката.

Со какви проблеми се соочуваше во твојата работна околина што доведе до потрага во BI решение?

Excel е одлична алатка, но сѐ поголема е потребата за побрза и појасна видливост на резултатите кои се предмет на интерес. Големината на базите со кои моментално работам, не претставува проблем за Excel обработка, но ми недостасува поголема прегледност и поголеми манипулативни можности со податоците, особено кога станува збор за комбинирање на податоци од две, три или повеќе бази.

Како твојата струка/кариера може да ужива во поволностите од BI решенијата?

Секоја имплементација на докажано корисни алатки и вештини, соодветно адаптирани за конкретна работа, ни го олеснуваат животот 😄 . Дополнително, се отвараат нови и пошироки можности воопшто.

Како го применуваш досега стекнатото знаење од обуката?

Сеуште учам и размислувам како и каде ќе го применам 😃.

Дали би ја препорачалa обуката на твоите колеги и пријатели?

Научив доста, во пријатна и пријателска атмосфера, мотивирана сум да го продлабочувам моето знаење во оваа област и да, секако дека би ја препорачала обуката.

Аплицирањето за идните термини за обуката за Моделирање на податоци и Business Intelligence е во тек.