Андреј Илиевски од обуката Основи на Data Science

Кој е Андреј Илиевски и како знаеше дека кариера во Data Science е твојот иден чекор?

Јас сум студент на ФИНКИ и моментално ја подготвувам својата дипломска работа. Мојот интерес за Data Science се појави многу одамна кога за првпат слушнав за овој “buzzword”. Па по одбирање на неколку предмети поврзани со оваа област знаев дека по завршувањето на мојот факултет, ќе се одлучам за кариера во Data Science.

Во која област од Data Science најмногу се пронајде себе си?

Тешко е да се одбере само една област, но веројатно најмногу ме интересира предвидувањето на одредени податоци според претходни историски податоци, односно Машинско учење и сатисфакцијата која се добива кога ќе се потврди твоето предвидување.

Кој е твојот совет за сите оние кои се двоумат околу започнување на нивниот Data Science career path?

Јас би ги советувал сите кои се двоумат да го започнат својот Data Science career path да не се двоумат и без размислување да се пријават на обуката за Data Science во Data Masters, каде што се учи сѐ што е потребно од почеток, со целосна поддршка од страна на предавачите.

Какви познавања треба еден човек да поседува за да може лесно да се снајде во нашата Data Science обука?

Препорачани се познавања за Python и некои основи во Линеарна Алгебра, како множење, собирање и други операции со вектори и матрици. Но, како што кажав претходно секој може лесно да се приспособи на обуката и да ги праша предавачите за сѐ што не му е јасно.

Дали би ја препорачал оваа обука на твоите колеги/познаници?

Топло ја препорачувам обуката на секој кој сака подобро да се запознае со Data Science и целата фама која се создава околу оваа област. Data Scientist е одбрана како најдобра работа во Америка три години со ред, според еден од најкорисните сајтови за апликација за работа Glassdoor и сметам дека Data Masters нуди супер можност за секој кој е заинтересиран.

Пријавувањето за обуката Практична примена на Data Science во Python е во тек. Пријавете се денес.