Data Masters Академиите се составен дел од Data Masters консултантскиот бизнис. Академиите за Data Science и Business Intelligence се формирани од експерти во областа на Data Science и Business Intelligence за да им помогне на индивидуите кои сакаат да се усовршат или да научат нешто ново и корисно, како и на водечките компании од бизнис секторот да изградат свои капацитети и што побрзо да го завршат процесот на дигитална трансформација и со помош на своите податоци да остварат сериозна компетитивна вредност. Покрај академиите, нудиме и обуки од почетничко до стручно ниво со програми кои се специјализирани во областите на Data Science и Business Intelligence.
Твоите обучувачи
Филип Петровски
Магистер по Mенаџмент на информации - Специјализација во Business Intelligence на NOVA IMS во Лисабон

Ние градиме консултанти, а не практиканти.
Учете од искусни и квалификувани лица од областа кои поседуваат релевантно работно и академско искуство. Со нашите обуки ќе стекнете знаење кое подоцна ќе можете да го примените во Data Masters или да изградите интернационална кариера. Доколку сакате да влезете во светот на најбрзо растечката индустрија, резервирајте го вашето место.
Зошто кариера во Data Science?
Работни можности
Обучен и талентиран кадар, ставен во контекст на тековниот недостиг на Data Science кандидати на пазарот, е карта кон сигурна работна можност.
Ниска конкуренција
Освен недостигот на обучени Data Science кандидати, мал е и бројот на кандидати кои се одлучуваат за пренасочување кон ова поле.
Огромна побарувачка
Моментумот на Data Science не е само новиот „моден тренд“ на технологијата, индустриите имаат реална потреба од Data Science кадар. Веднаш!
Аналитичен ум
Примената на Data Science излегува надвор од рамките на проекти и работни задачи. Аналитичноста која се учи во полето, ги „преспојува“ мозочните виуги кај секој Data Scientist и му помага во различни аспекти и сфери.
Разни вештини
Техничките атрибути на еден Data Scientist вклучуваат вештини од аналитика, визуелизација на податоци и предиктивно и дескриптивно моделирање.
Работни позиции
Потребата од Data Science во разни индустрии, секогаш продуцира интересни работни позиции. Динамиката, проблематиката и тематиката на овие позиции се привлечни за секој Data научник, а главното мото е: „no two Data Science tasks are the same“.
220
Број на студенти
10
Домени од кои доаѓаат нашите студенти
50+
Успешни проекти зад нашите инстрктори
Домени на нашите студенти
Здравство
Образование
Финансии
Производство
Човечки ресурси
Продажба
Иновации
Право
Фармација
Маркетинг
Дата Мастерс
- бул. Партизански одреди, бр. 2-1, мезанин
Скопје, Македонија